СЕМИНАР ЗА АУТИЗАМ

ве молиме почекајте...

СЕМИНАРИ ЗА АУТИЗАМ

Од 01 март до 31 мај 2018 год

РЕГИСТРАЦИЈА
About the Conference

ЗА СЕМИНАРИТЕ

Семинарот за наставници е наменет за наставниците од редовните училишта и други лица кои претходно не посетувале конкретна едукација за нарушувањата од спектарот на аутизам. Целта на семинарот е стекнување на вештини за препознавање на нарушувањата од спектарот на аутизмот, запознавање на карактеристиките кај децата и причините за нивното однесување, како и основни напатствија кои е потребно задолжително да се следат при работа со ученици со ваков вид на нарушување. Денес се повеќе деца со нарушувања од спектарот на аутизам сретнуваме во редовните училишта. Целта е да разграничиме што е инклузија и како може да се врши адаптација на планираните содржини според наставните предмети и капацитетите на ученикот со аутизам. Исто така големо внимание ќе се посвети на секоја карактеристика на ученикот и ќе се дадат идеи како наставниците да се однесуваат во одредени ситуации.

Семинарите пак за воспитувачите имаат за цел да им помогнат во адаптација на просторот, материјалите за работа и развој на соодветни вештини со помош на кои ќе го вклучат детето со аутизам во групата.

Семинарите за дефектолози и други стручни лица кои директно работат на третман на децата со аутизам имаат за цел да ги збогатат и подобрат нивните вештини за работа.

ПРЕДАВАЧИ

Листа на говорници за време на семинарот за аутизам

Speaker Image
д-р Јасмина Трошанска
доктор по дефектолошки науки
Д-р Јасмина Трошанска е дефектолог со 13 годишно теоретски и практично искуство во работата со деца со аутистичен спектар на нарушување. Таа има завршено ѝ курс по Монтесори педагогија за деца на возраст од 3-6 години. Во текот на својата работа има посетувано обуки за современите евалуирани третмани на деца со аутистичен спектар на нарушување: ABA, PECS, TEACCH, Brain Gym и Сензорна интеграција. Исто така, има посетувано и учествувано со сопствени трудови на голем број на конференции во земјата и странство. Се појавува како автор и ко-автор на 14 трудови кои се издадени во Р. Македонија и во странство. Од 2010 година активно работи на 2 Европски проекти, држи обуки, учествува на трибини, телевизиски емисии, пишува во медиумите и се бори за подигнување на свесноста за аутизмот во општеството.
Speaker Image
Ана Петковска Николовска
дефектолог
Ана Петковска Николовска е дефектолог со над 5 годишно работно искуство во индивидуална работа со деца со аутистичен спектар на нарушување. Темелно ги истражува стереотипните однесувања кај децата со аутизам што е и тема на нејзината магистерска теза. Управител е на Центарот за едукација и советување од февруари 2013 година и стручен соработник на НТЦ (Никола Тесла Центар) систем на учење за Македонија.
Speaker Image
М-р Анита Стојчевска
дефектолог
Анита Стојчевска е специјален едукатор и рехабилитатор и прогласена е за најдобар студент на генерацијата 2010-2014. Има магистрирано малолетничка деликвенција со просек 10.00. Има 5 години активно работно искуство со деца и адолесценти со АСН, од предучилишна до адолесцентна возраст. Во моментов е вработена како специјален едукатор и рехабилитатор во стручна служба во ССОУ "Киро Бурназ", Кумановo. Активно посетува обуки и семинари за аутизам, како и во рамките на училишни проекти за подигање на свеста за аутизмот и споделување на искуства со други земји. Нејзини примарни цели се: подобрување на квалитетот на животот на лицата со АСН, како и нивните семејства, активно зголемување на јавната свест за аутизмот, подобрување на постоечкиот потенцијал за практична работа во основните и средните училишта за ученици со АСН.

ПРОГРАМА ЗА 2018 ГОД.

It's a three-mounth seminars that included workshops and networking time.

02 март 2018

Инклузивни стратегии за учениците со аутистичен спектар на нарушување

Време: 16:00 - 20:00 часот. Семинарот е наменет за наставници! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Вовед во АСН; Што е, а што не е инклузија?; Адаптирање на планирањето; Визуелни распореди и визуелна поддршка; Социјални вештини и комуникација; Стратегии на социјална интеракција; Сензорни стратегии во училница; Стратегии за контрола на однесувањето. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

16 март 2018

Развој на комуникативните и социјалните вештини кај деца со АСН со вербални и невербални способности

Време: 16:00 - 20:00 часот. Семинарот е наменет за наставници, стручни работници и соработници (дефектолози)! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Што значи комуникацијата за детето со АСН; Како може визуелната поддршка да му помогне на детето да го разбере говорот и да му помогне да ги менува активностите; Како да постапиме кога детето не зборува; Како да го подобриме говорот кај детето кое зборува?; Интензивна интеракција; Играта и социјалната комуникација. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

17 март 2018

Социо-емоционален развој и раното емоционално врзување

Време: 10:00 - 14:00 часот. На овој семинар ќе разработат основните одлики на социо-емоционалниот развој во детството, развојните фази и нивните карактеристики, раното емоционално врзување како основен двигател за формирање на здрава личност, како и потешкотиите во емоционалниот развој на децата. Учесниците на семинарот ќе имаат прилика за активно учество и можност да се стекнат со низа на практични совети за поттикнување и развивање на квалитетен социо-емоционалниот развој на децата. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

31 март 2018

Дентални интервенции кај лицата со аутистичен спектар на растројства

Време: 10:00 - 14:00 часот. Семинарот е наменет за наставници, стручни работници и соработници (дефектолози)! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Што значи комуникацијата за детето со АСН; Како може визуелната поддршка да му помогне на детето да го разбере говорот и да му помогне да ги менува активностите; Како да постапиме кога детето не зборува; Како да го подобриме говорот кај детето кое зборува?; Интензивна интеракција; Играта и социјалната комуникација. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

06 април 2018

Визуелни стратегии за поддршка на работата кај децата/ лицата кои се во спектарот на аутистични нарушувања

Време: 16:00 - 20:00 часот. Семинарот е наменет за наставници, стручни работници и соработници (дефектолози)! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Физичка структура; Распореди; Работни системи; Пренесување на визуелна информација. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

20 април 2018

Стратегии за контрола на однесувањето кај децата со аутистичен спектар на нарушувања

Време: 16:00 - 20:00 часот. Семинарот е наменет за наставници, стручни работници и соработници (дефектолози)! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве:Што е тоа предизвикувачко однесување?; Функционална анализа на однесувањето; Стратегии за справување. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

27 април 2018

Сетилата кај децата со АСН

Време: 16:00 - 20:00 часот. Семинарот е наменет за стручни работници и соработници (дефектолози)! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Запознавање со сетилното функционирање; Нарушувања на сетилата; Насоки за поттикнување на правилен развој на сетилата; Поврзаноста на сетилата и исхраната ај децата со АСН. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

05 мај 2018

Инклузивни стратегии за учениците со аутистичен спектар на нарушување

Време: 10:00 - 14:00 часот. Семинарот е наменет за наставници! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Вовед во АСН; Што е, а што не е инклузија?; Адаптирање на планирањето; Визуелни распореди и визуелна поддршка; Социјални вештини и комуникација; Стратегии на социјална интеракција; Сензорни стратегии во училница; Стратегии за контрола на однесувањето. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

12 мај 2018

Децата со аутизам во детските градинки

Време: 11:00 - 15:00 часот. Семинарот е наменет за воспитувачи! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Карактеристики на деца со АСН; Комуникација, интеракција и социјални вештини кај децата со АСН; Сетилата кај децата со АСН; Структура, распоред и системи за работа со децата со АСН. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

19 мај 2018

Развој на комуникативните и социјалните вештини кај деца со АСН со вербални и невербални способности

Време: 11:00 - 15:00 часот. Семинарот е наменет за наставници, стручни работници и соработници (дефектолози)! Темите кои ќе бидат обработени на семинарот се следниве: Што значи комуникацијата за детето со АСН; Како може визуелната поддршка да му помогне на детето да го разбере говорот и да му помогне да ги менува активностите; Како да постапиме кога детето не зборува; Како да го подобриме говорот кај детето кое зборува?; Интензивна интеракција; Играта и социјалната комуникација. Максимален број на учесници е ограничен на 30.

10:00 am - 11:00 am

Duis autem vel eum

Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam tooltip nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit.

12:00 am - 13:00 pm

Typi non habent claritatem

Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam faucibus nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam faucibus nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.

14:00 pm - 16:00 pm

Duis autem vel eum

Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam tooltip nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit.

10:00 am - 11:00 am

Duis autem vel eum

Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam tooltip nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit.

12:00 am - 13:00 pm

Typi non habent claritatem

Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam faucibus nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam faucibus nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.

14:00 pm - 16:00 pm

Duis autem vel eum

Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit. Nam tooltip nisi non nunc pharetra viverra nec eget ligula.Lorem ipsum dolor sit amet, sectetur adipiscing elit.

СПОНЗОРИ

Don't miss the event!

We will inform you when the time comes

БЕСПЛАТНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА РОДИТЕЛИ

Родителите се најважната алка во развојот на детето со АСН. Од третманот на детето во домот, понатаму, зависи третманот на детето во градинката, училиштето и други социјални и едукативни средини. Тргнувајќи од идеата за успешна приказна за третманот на децата со АСН, Здружението за подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина светулка“ нуди бесплатни работилници за родители на деца со аутистичен спектар на нарушување. На работилниците родителите ќе стекнат вештини за поддршка на своите деца со секојдневието во домот, на игралиште, во градинка, на училиште, на гости итн.

ПОДДРШКА ВО ДОМОТ

Бидејќи домот е првата и најважна социјална средина во која се развива детето, сметаме дека третманот треба да се започне токму таму. Децата со АСН при учењето се поврзуваат со контекстот во кој учат и поради тоа, одредено однесување, знаење или вештина можат да го манифестираат кај терапевтот, во училиште или со одредена личност во градинка, но не и дома. Нашата цел е подобрување на семејното фнкционирање преку директна поддршка со визуелни стратегии во домот, поддршка на комуникацијата, развој на социјални вештини и директна анализа и контрола на однесувањето.

Hotel Centar

РЕГИСТРАЦИЈА

1. ОДБЕРЕТЕ ОД ПОНУДЕНОТО

ЦЕНА ЗА ЕДЕН СЕМИНАР 800 МКД

Во цената е вклучено: печатени материјали, сертификат и освежување за време на паузите.

ЦЕНА ЗА ДВА СЕМИНАРА 1500 МКД

Во цената е вклучено: печатени материјали, сертификат и освежување за време на паузите.

ЦЕНА ЗА ТРИ СЕМИНАРА 2000 МКД

Во цената е вклучено: печатени материјали, сертификат и освежување за време на паузите.

2. ВНЕСЕТЕ ГИ ПОТРЕБНИТЕ ИНФОРМАЦИИ